Нашиот менаџмент за квалитет на податоците за истражување на пазарот

Квалитет на податоци

Ние од Велвием Интернационал сме посветени на нашите клиенти, како и на нашите испитаници за обезбедување на највисок квалитет како во имплементацијата, така и во делот на експедитивноста на добивање на резултати од нашите студии и тоа со помош на обемна контрола на квалитетот на податоците. Во нашите секојдневни задачи, заштитата на податоците игра клучна улога.

Што се случува со податоците собрани од страна на Велвиeм Интернационал?

Сите резултати од истражувањето се прикажани единствено во анонимизирана форма и не дозволуваат никаква трага или лична идентификација на испитаниците или институциите кои учествуваат во истражувањето и испитувањето. Личните податоци под никакви околности не се пренесуваат на трети лица.

Како Велвиeм Интернационал гарантира транспарентност во однос на испитаниците?

Ние и даваме најголем приоритет на транспарентноста, не само во однос на нашите клиенти, туку и на нашите испитаници. Од 1 јули 2009 година, од сите истражувачки институти се бара да го прикажат својот број. Велвием Интернационал работи во согласност со оваа спецификација во Скопје (Македонија)

На овој начин, секој контактиран потенцијален испитаник добива шанса да го идентификува нашиот истражувачки институт, дури и без да одговари на нашиот телефонски повик.

Кои мерки се преземаат за контрола на квалитетот на собраните податоци?

Системот за управување со квалитетот на Велвием Интернационал е поделен во следниве фази на процеси:

Менаџмент на спроведување на истражувањето: (стандардни обуки со прирачник за телефонските оператори, следење, организирање на групи за размена на искуства, видео-брифинзи, централен систем за резервации).

Како Велвием Интернационал го потврдува кредибилитетот и стручност на
телефонските оператори за спроведувањето на истражувањето?

На телефонскиот оператор му се објаснуваат и прикажуваат работните задачи и методата на работење, тие исто така имаат и можност, да слушаат сесија во живо.

Дополнително, пред секој нов проект, секој телефонски оператор следи еден специјализиран видео брифинг, кој дава детално објаснување за сите информации релевантни за проектот и исто така и го следи прашалникот. Ако видео брифингот не е достапен, се спроведуваат тест интервјуа.

Понатаму, на почетокот на секој проект сите телефонски оператори потпишуваат договор за доверливост, кој вклучува одредба за одржување и чување на доверливост на секаков вид на  информации во врска со физички или правни лица, организации, здруженија, институции и др. Ова осигурува дека содржини или делови во објавениот прашалник што е подложен на заштита на авторските права, нема да се внесуваат никакви податоци без надзор и дека се поддржува точниот пристап за време на испитувањето на испитаникот, кој е прикажан во рамките на обуката и брифингот на проектот. Ако таков договор не му е достапен на клиентот, Велвиeм може да обезбеди урнек.

Кои механизми за контрола постојат за да може да се добие увид во
перформансите на телефонскиот оператор?

Во Велвиeм Интернационал, делумно се следат 10% од сите интервјуа, 5% се следат до три четвртини од траењето на интервјуата, а дополнителни 5% се следат во целост.

Секој телефонски оператор што учествува на проектот мора успешно да помине најмалку две симулирани тест интервјуа пред да започне да телефонира во живо. Симулираните интервјуа се водат или меѓу двајца телефонски оператори следени од супервизор, или помеѓу телефонскиот оператор и супервизорот. Ова е потребно за им се овозможи на телефонските оператори да се запознаат со прашалникот, во кој е вклучена неговата структура и можните начини,  да им биде дадена можност да развијат свој вовед за да ги убедат испитаниците да учествуваат на студијата, како и самите  да бидат подготвени, спонтано да одговорат на сите прашања што ги поставуваат испитаниците или да се справат со евентуални проблеми при испитувањето.

Како Велвиeм Интернационал ги обезбедува и ги исполнува барањата за квалитет при учество на надворешни, трети страни во спроведувањето на студијата?

При услов за соработка со надворешна, трета страна да биде побарана или потврдена од страна на клиентот, Велвиeм Интернационал многу внимателно ги избира своите подизведувачи. Секоја соработка се усогласува со јасно регулирање на надлежностите и одговорностите. Целокупниот процес на нарачки е формализиран и обврската на давателот на услугата за заштита и тајност на податоците е наведена во писмен договор.

Што се однесува до контролата на квалитетот на спроведувањето интервјуа преку надворешни трети страни, доколку ниту еден внатрешен вработен во Велвием Интернационал не зборува на релевантниот јазик, назначен е стручен преведувач да ги оцени надлежностите на секој телефонски оператор.

Најмалку едно снимање на едно таканаречено симулирано интервју треба да биде проценето и потпишано од страна на преведувачот пред телефонскиот оператор да започне да работи на проектот. Под услов нивото на јазик да е соодветно и дополнително да се исполнат најмалку пет од следниве критериуми, телефонскиот оператор може да започне да телефонира:

Локални дијалекти или акценти (ако е така, треба да се процени дали тој дијалект може да претставува проблем за проектот)

  • Следејќи ги упатствата на телефонскиот оператор
  • Пријателство и самодоверба
  • Вербам читање на секое прашање
  • Периодично повторување на скали и затворени прашања
  • Испитување на отворени прашања.

“You never notice what has already been done, you only see what remains to be done.

Joco Velkov
Founder

Did we call?

Your telephone display indicates that one of our numbers has tried to reach you several times.

Velviem International Research Services GmbH conducts telephone surveys at a national and international level for various clients. For representative surveys your telephone number is selected and called using a mathematical random process. It can occur that numbers are selected that are neither listed in the telephone book nor on the internet. We merely have a telephone number at hand; without any further information whatever. Your participation is, of course, voluntary.

Since 01.07.2009 research institutes are committed to display the caller’s number on the telephone when calling for market research purposes. The persons being called can then, even if the call has not been taken – e.g. due to absence – establish the identity of the research institute which has called, or is calling concerning the implementation of a telephone interview for the purposes of market and social research.

We guarantee you that you are being contacted for the sole purpose of market and social research and that the possibility of their being any intention of selling you something on the telephone is absolutely out of the question.