ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОР

Бараме да регрутираме високопрофесионални телефонски оператори за спроведување на најразлични B2B и B2C проекти.

Успешните кандидати мора да зборуваат германски јазик на ниво на мајчин јазик или приближно на ова ниво.

Кандидатите мора да имаат самоуверен и професионален телефонски пристап, да имаат добар став, одлични комуникациски вештини и добро внимание за детали.

Искуство во браншата за истражување на пазарот (или слично) е посакувано, но не и суштинско, бидејќи се обезбедува целосна обука.

Работното време ќе зависи од видот на проектот (утро, попладне или вечер со смени) и бараме вашата достапност за минимум четири смени неделно, од понеделник до сабота.

Телефонските оператори се платени на час

За да биде земена во предвид вашата апликација, испратете копија од вашето CV, со наведување на вашиот мајчин јазик.

Велвием Интернационал ДООЕЛ – Македонија е работодавач кој регрутира и на постојана основа.

ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОР Aplication Form

Please complete the form below.

Дали ние се јавивме?

Вашиот телефонски екран покажува дека еден од нашите броеви се обидел да ве достигне неколку пати.

Велвием Интернационал ДООЕЛ спроведува телефонски истражувања на национално и меѓународно ниво за различни клиенти. За репрезентативни истражувања, вашиот телефонски број е избран и повикан со употреба на математички случаен процес. Може да се случи да се изберат броеви кои не се наведени во телефонскиот именик, ниту на Интернет. Имаме само телефонски број при рака; без какви било дополнителни информации. Вашето учество е, се разбира, доброволно.

Од 01.07.2009 година, институтите за истражување се обврзани да го прикажат бројот на повикувачот на телефон кога повикуваат за истражување на пазарот. Лицата што се повикуваат можат тогаш, дури и ако повикот не е остварен – на пр. поради отсуство – да го утврдат идентитетот на институтот за истражување што се јавил или се јавува во врска со спроведувањето на телефонско интервју за целите на истражување на пазарот и социјално истражување.

Ние ви гарантираме дека Ве контактиравме со единствена цел за истражување на пазарот и социјално истражување и дека можноста за било каква намера да Ви биде продавано нешто по телефон, апсолутно не доаѓа предвид.